(ВИДЕО) Заев: Нудиме решенија за граѓаните, државата и заедничката иднина

Од:

Исполнување на стратешките цели на државата, успешно и ефикасно справување со светската пандемија со Ковид -19, подинамичен економски раст, силни институции, владеење на правото и модерно образование, вети премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со целиот владин тим беше кај претседателот Стево Пендаровски.

Во изјава за медиумите, Заев рече дека програмата на новата Влада нуди решенија за она што е важно за сите граѓани, за државата и за заедничката иднина.

– Имаме силни агрументи да го убедиме претседателот Стево Пендаровски дека не обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја, успешно и ефикансно справување со светската пандемија, нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст и силни институции со ред, правда и ефикансност, правна држава и владеење на правото, модерно образование, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во ЕУ, добри меѓуетнички и меѓусоседски соработки, истакна Заев.

Економијата и забрзаниот економски раст, како што посочи, се еден од приоритетите на новата Влада, а најави и структурни реформи во јавната администрација за таа да стане уште поефикасна.

– Реформата во институциите почнува толкму со составот на оваа Влада. Таа ќе има седум министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Време на прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото, комплетен ветинг на функционерите, рече Заев.

Во следните четири години, како што рече, планот е да се отворат 80 отсто од преговарачките процеси, а во следните шест години целосно да биде завршен овој процес.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата