(ВИДЕО) Заев: Новата политичка клима ја враќа надежта на граѓаните и економската перспектива во Македонија

Од:

Новата Владата ги заврши првите три месеци од своето работење. Веќе започнавме со економските мерки. До Собранието ги поднесовме законите за минимална плата, за стчајците, ја воведовме дневната тарифа за струја, а институциите веќе ги отворија постапките за скратување за одредени процедури за намалување на трошоците.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев денеска во Велес при што потенцира дека сите ресурси на државата ќе бидат насочени кон враќање на парите кон граѓаните и намалување на трошоците за живот на секое семејство во Македонија.

– Македонија трасираше добри перспективи кон ЕУ и НАТО. Тоа го препознаваат сите граѓани, но тоа нема да го почувствуваат веднаш. Затоа главниот фокус на Владата ќе биде на економските перспективи и јас ја барам поддршката на граѓаните заедно со Владата и новите општини по локалните избори Македонија да има подобра економија и да се стави крај на сиромаштијата во земјава. Велес е најтипичен град во земјава на заминување на младите прво во Скопје, но за жал и надвор од државата и јас сум убеден дека сите млади што заминале и сите што се овде, а се без работа гладаат добри перспективи овде во својата земја. Тоа е главната задача на новата Влада во Р.Македонија, рече Заев.

Според него радува што надежта се враќа кај луѓето.

– Веројатно, потенцира, новата политичка клима ја враќа нивната надеж дека се враќа и економската перспектива во Македонија.Трговците очекуваат народот да има повеќе пари,а граѓаните кои се потрошувачи по дуќаните очекуваат навистина да има работа за младите, да има намалување на трошоците и да се враќаат парите кај граѓаните. Тоа е филозофијата на економската перспектива на Македонија, изјави премиерот.

Информираше дека пред Собранието се поднесени законите за минималната плата кое, како што рече, ќе ги отвори спиралите на покачувањето на платите на сите работници – Подигањето на минималната плата од 12 илјади денари ќе значи дека оние граѓани што земале 14 илјади ќе им се покачат платите, како и на тие што земале 17 илјади, исто така, ќе им се отворат сите спирали ,потенцира Заев.

За Законот за стечајни работници очекува да биде донесен до крајот на септември.

– Голема неправда се случуваше за овие работници сите овие години, затоа што тие кои целиот работен век го дале за македонската економија конечно ќе го добијат соодветниот надомест што го заслужуваат., смета Заев.

Потсети дека евтината тарифа за струјата ќе стартува од октомври и оти со тоа проценката е оти повеќе од 8 милиони евра пари ќе останат кај граѓаните кои ја зголемуваат нивната потрошувачка, и тоа, смета тој, се вратени пари назад кај граѓаните.

Потенцира и дека институциите веќе ги отвориле постапките за скратување на одредени процедури за намалување на трошоците, што значи повеќе средства за граѓаните.

-Знам дека Катастарот и другите институции ќе објават укинување на одредени давачки коишто граѓаните ги имаат, а сето тоа значи повеќе, кај граѓаните, а најважната работа на која сме посветени се работни места и зголемување на вработеноста кај младите и сите граѓани во земјава, потенцира Заев.

Заев потенцира дека сите ресурси на државата ќе бидат насочени кон враќање на парите кон граѓаните и намалување на трошоците за живот на секое семејство во Македонија.

– Македонија трасираше добри перспективи кон ЕУ и НАТО. Тоа го препознаваат сите граѓани, но тоа нема да го почувствуваат веднаш. Затоа главниот фокус на Владата ќе биде на економските перспективи и јас ја барам поддршката на граѓаните заедно со Владата и новите општини по локалните избори Македонија да има подобра економија и да се стави крај на сиромаштијата во земјава.Велес е најтипичен град во земјава на заминување на младите прво во Скопје, но за жал и надвор од државата и јас сум убеден дека сите млади што заминале и сите што се овде, а се без работа гладаат добри перспективи овде во својата земја,тоа е главната задача на новата Влада во Р.Македонија,потенцира Заев.

Тој во Велес најави дека поранешниот градоначалник Аце Коцевски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на оваа општина на локалните избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски