Заев: Нова влада до среда вечер, прва мерка укинување на екстерното

Од:

Мандатарот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека очекува новата влада да биде избрана најдоцна до задутре навечер, согласно роковите, а прва обврска да биде укинување на екстерното оценување.

– Седницата е закажана за утре, а рокот да се избере е 48 часа, што значи дека до среда вечер треба да завршиме со изборот на владатa. Тоa се максималните рокови. Се надевам дека нема да мора да бидат искoристени максималните рокови заради тоа што праксата покажала и пократко времe од тоа што е предвидено во деловникот, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања, откако во Обвинителство за организиран криминал и корупција даде исказ за кривичната пријава која СДСМ ја поднесе за судир на интереси на пратениците и министри.

Веднаш по изборот на владата, како што истакна Заев, ќе следи укинувањето на екстерното тестирање на учениците.

Според мандатарот Заев, најглавната работа на новата влада ќе биде во две насоки, комплетно реализирање состаноци и екипирање на тимови заради реформите, и унапредување на севкупниот квалитет на животот на граѓаните и еднаквоста во општество, а пред се социјалната.

Како што информираше Заев, во обвинителството ги кажале нивните видувања во однос на пријавата на СДСМ за воочување судир на интереси во којшто, посочи, исти личности ги правеле во период додека биле пратеници со верификувани мандати и членови на Владата на Република Македонија.

– Се надеваме дека Обвинителството за организиран криминал ќе направи истрага и ќе ги утврди незаконитостите кои што се направени. Се работи за четворица, пријавата се однесува на техничкиот премиер Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски