(ВИДЕО) Заев: Немаме двотретинско мнозинство, без опозицијата ништо не можеме

Од:

Никој не го чепка името Македонија. Дајте да појасниме дали имаме територијални претензии, што ќе правиме, Солун ќе го освојуваме? Знам дека никој нема територијални аспирации, рече премиерот Зоран Заев на денешната расправа за уставните амандамни и уште еднаш ги повика пратениците да размислат до одлуката за гласање.

„Разговарав со сите пратеници и знам дека има огромен број на пратеници од опозицијата на кои тешко им паѓа помислата што ако се испушти оваа шанса. Подобар договор нема, да видиме дали можеме со уставните измени да ги приближиме ставовите. Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и верски не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент, немаме дво-третинско мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница. Граѓаните ќе бараат одговори, дали сме биле на ниво на историската одговорност“, изјави Заев.

На ова му реплицираше пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„И да имавте 2/3 мнозинство како СДСМ, ваква работа не требаше да правите сами“, рече Димовски. Тој повтори дека власта сама ги почнала преговорите, сама го потпишала договорот со Грција и сама донела одлука за референдум.

„Вашата или чија било одлука, најмалку значи ако направиме грешен потег. Дали ќе го има Заев на сцена за пет или 10 години, или ќе го нема, е помалку важно од оваа одлука“, рече Димовски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите