(ВИДЕО) Заев: Нема веќе чување предмети во фиока, правдата е тука

Од:

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, односно сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, нешто што ќе го забрза процесот на решавање на предметите, и нема веќе да има чување предмети во фиока, изјави премиерот Зоран Заев презентирајќи детали од Антикорупцискиот план на Владата.

Тој рече дека ќе претстои автоматизирање на протокот на документи по предмети со препознаена корупција, а ќе се воведе и електронски систем за инспекцијата, „Е-инспектор“, кој ќе ги има под закрила сите инспекторати, а ќе биде под јурисдикција на Инспекцискиот совет.

Освен ова, рече Заев, ќе се дигитализираат трите книгу за водење матични книги, а граѓаните ќе можат електронски да ги добијат изводите. Како дел од акцискиот план е предвидена и заштита на укажувачите.

„Правдата е тука, ете ја, по рочиштата и низ судниците. И додека тие се бореа да нема правда, ние веднаш почнавме со транспарентност. Поставивме стандарди од кој нема враќање, а граѓаните сведочат дека привилегирани и недопирливи. Беа одржани бројни консултации, со Транспаренси Интернепнл, ДКСК и многу други. Ги собравме најважните совети и препораки за да изготвиме ваков план“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски