Заев: Нема место за толеранција за незаконски дејства

Од:

По апсењето на членот на кабинетот на министерот за внатрешни работи, поради сомнение дека барал потпуп а со тоа ја злоупотребил службената положба и овластување, на социјалните мрежи се огласи и премиерот Зоран Заев кој вели дека не ги знае сите детали за случајот, но ги охрабрува институциите да направат темелна истрага.

„Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства. Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото“, пишува премиерот Зоран Заев.

Вчера, МВР извести дека по налог на Основното јавно обвинителство е приведен Д.С., вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – злоупотреба на службената положба и овластувањето. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода, каде што останал минатата вечер. Станува збор за долгогодишен припадник на МВР кој од влегувањето на Спасовски во министерскиот кабинет во техничката влада е назначен и за советник. Бил и во комисијата на МВР за надзор на  приватните агенции за обезбедување.

 

 

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски