Заев: Нека ни е честит 8. Септември, денот на македонската државност

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8. Септември, Денот на независноста на Македонија.

„Земја на насмеани луѓе, спокојни за својата егзистенција, во слободна држава што им гарантира мир, стабилност, безбедност, еднаквост меѓу развиените демократии во ЕУ и НАТО–со ваква надеж го дочекуваме и годинешниот 8 септември, ден на државноста.

– Секоја следна година, по историската 1991, го исправа пред нас 8 септември потсетувајки `не на причините поради кои треба да се гордееме како земја, но и на обврските што ги презедовме кога ја донесовме одлуката за самостојна Република Македонија.

– Пред 22 години Македонија покажа зрелост за независна и суверена држава. Низ годините, минавме низ големи искушенија, внатрешни и надворешни, но решително опстојувајки на визијата за своја држава, заеднички, успејавме да формираме функционални институции и достојно да ја етаблираме земјата во светот.

– Сепак, денес, овој значаен датум, од нас бара нова сила за предизвиците што веќе подолго време стојат на патот на нашата иднина. И повторно, тоа што ни е потребно е единство, но и верба дека демократските форми на решавање на проблемите, се единствен начин да се постигнат посакуваните цели.

– Аманетот на нашите претци и оние кои го дале животот за земјата нека биде мотив за чувањето и развивањето на Македонија во слободно и современо општество.

– Нека ни е честит 8. Септември, денот на македонската државност“, се вели во честитката од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар