(ВИДЕО) Заев: Не сум се слушнал со Макрон откако не добивме датум

Од:

Четрири месеци се обидувавме да го договориме средба со претседателот на Франција, Макрон, на која би се изнеле ставови за европската иднина на земјата, но не успеавме да ја договориме, рече премиерот Зоран Заев.

И покрај ваквата одлука, премиерот порача дека на Франција не треба да се гледа како на држава непријател.

„Четири месеци баравме средба со претседателот Макрон, но не ја добивме. Лобиравме и преку амбасадата, преку дипломатски врски, но немавме одговор до денес. Да, точно, ми се јавија претседатели на скоро сите европски држави да ми дадат поддршка по состанокот од Брисел, но со Макрон не сум се слушнал. И покрај тоа, тој си има свое гледање и објаснување зошто не го смени ставот и порачувам дека не треба да гледаме непријател во Франција“, кажа премиерот Заев.

Тој рече и дека имало сигнали од Брисел дека Франција би можела да не блокира, но до последен момент се надевал на позитивна одлука.

„Да, точно е имавме најава, Европа е транспарентна и нема тука скриени игри. Но, сепак постоеше надеж дека Франција ќе го омекне ставот и ќе ги почнеме преговорите. Јас буквално ги молев во Брисел да и дадат шанса на земјава, да останеме на мотивацискиот пат, да не се соочиме со оваа разочараност и горчина. Но и Франција поради свои гледања си има свое оправдување. Имаше предлог од Финска, да добиеме датум, но подоцна да почнеме да преговараме, но и таа опција не се прифати. Јас искрено се надевам дека ЕУ ќе ги надмине овие свои внатрешни проблеми и ќе бидеме дел од таа приказна, затоа што заслужуваме“, рече Заев.

Премиерот додаде и дека Франција цело време го охрабрувала Преспанскиот договор што според него влевало надеж дека ќе ја добие поддршката.

Тој не одговори конкретно дали има некаква позадина што Северна Македонија и Албанија биле заедно на агендата за датум за отпочнување преговори.

Инаку, Макрон најави дека наскоро планира да ги посети Македонија и Албанија и да оствари средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Јоурова: Владеењето на правото е во сржта на процесот на пристапување во ЕУ

Османи: Нон-пејперот покажува дека нема друга алтернатива за членството во ЕУ

Татјана Ташкова

Мекалистер: ЕУ да ја поправи грешката со неотпочнувањето преговори со Скопје и Тирана

Доналд Туск е единствен кандидат за лидер на Европската народна партија

Димитров-Линде: Клучно е Северна Македонија да се задржи на интензивните реформи

Татјана Ташкова

Коцијанчич: За ЕК е неприфатливо насилството како одговор на протестите во Хонгонг