Заев: Не е дозволиво да се гласа за премиер вовлечен во крупни криминали

Од:

Зоран Заев ги отфрли обвинувањата на Илија Димовски, дека СДСМ сериозно подготвува сценарио за непризнавање на изборните резултати од парламентарните и претседателски избори во недела.

– Тоа е апсолутна невистина, секој ден сме повеќе од транспарентни за нашите намери. Целосно сите активисти на СДСМ се насочени кон мотивација на што е можно поголем број на гласачи да излезат на изборите. Смо на тој начин ќе се испрати силната порака за анулирање на системската контрола која што власта ја има врз гласачите. Секој ден со овие криминаливе се обидуваме да мотивираме колку што може што повеќе граѓани, кои што се секојдневно под пресија на власта, да се одважат и да знаат дека повеќе не е дозволиво да се гласа за премиер вовлечен во крупни криминали кои што секако најавуваат многу лоша иднина на сите. Целосно сме во кампања во која што сме убедени дека ќе има пресврт на резултатот на 27-ми – рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат