Заев најави лидерска средба до крајот на годината, Мицкоски не сака неа да ја организира Пендаровски

Од:

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава, истакнувајќи дека очекува неа да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш тој ќе ја иницира. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија нема да учествува на лидерската средба ако неа ја организира Пендаровски. Од Кабинетот на шефот на државата, пак, соопштија дека претседателот Пендаровски не планира да свика лидерска средба.

И Заев и Мицкоски се согласни дека на средбата треба да стане збор за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се од интерес на граѓаните.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал денеска-утре претседателот на државата за една таква намера, доколку не, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба и заради евроинтеграциите, но и заради справување со ковид-кризата и за сите груги сфери на интерс за граѓаните за кои би можеле да дискутираме на средбата, рече Заев.

Од друга страна, Мицкоски на прес-конференција ја реактуелизира потребата од итно одржување лидерска средба, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на неа ако ја организира претседателот Пендаровски.

– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичкиите партии, ние политичките партии да разаговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати досега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговаат на таа лидерска средба, стојам на располгагање. Но, на еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на таква средба зашто не ја гледам улогата Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.

Од Кабинетот на претседателот на Републиката, соопштија дека шефот на државата Пендаровски не планира да свика лидерска средба.

– И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите, истакна од Кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Oбјавена е листата на советниците на Мицкоски, меѓу нив се Пешевски, Ставрески и Вељаноски

Горан Наумовски

Мицкоски има 17 советници, четворица се со полно работно време

Мицкоски: Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок

Горан Наумовски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

(ВИДЕО) Мицкоски: На располагање се 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании

ВМРО-ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат, велат од СДСМ