Заев најави изградба на социјални станови, градинки и старски домови, доколу добие нов мандат

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција ја претстави социјалната програма 2020-2024 и рече дека во неа ќе има проекти со кои ќе бидат опфатени сите категории на граѓани, најранливите, децата, работниците и повозрасните граѓани. Најави повеќе проекти како што се изградба на нови социјални станови, старски домови, зголемување на минималната плата, како и оставарување на правата на социјални додатоци и бенефеции за одредени социјални категории на граѓани.

„Продолжување на грижата за ранливите категории граѓани преку зголемување на опфат со социјална помош и детски додаток, зголемување на висината на сите права за попреченост, вложување во ран детски развој преку зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование, изградба на градинки, поддршка и помош за повозрасните преку изградба нови старски домови и развој на нови услуги за поддршка, изградба на 777 станови за ранливи категории и млади брачни парови“, рече Заев.

Од општество кое газеше врз достоинството на ранливите граѓани, рече тој, се трансформиравме во општество кое се грижи за сите и обезбедува еднакви можности и услови сите да уживаат еднакви права.

„До крај на следниот мандат социјалната помош која сега е поголема за 300 отсто ќе се прошири и ќе ја примаат 34 илјади семејства како гарантирана минимална помош, а 65 илјади деца ќе примаат детски додаток. Вложуваме во најмладите и до 2024 година со предучилишно образование ќе опфатиме 60 отсто деца на возраст од три до шест години. 10.000 деца ќе добијат современи услови за квалутететен раст и развој. Ќе ги ослободиме од плаќање партиципација за детска градинка сите деца од семејтва со ниски приходи, рече Заев на денешната прес-конференција.

Во социјалната програма на СДСМ доколку го добие мандатот има низа мерки и за подобрување на квалитетот на животот за лицата со попреченост, рече Заев.

„Градиме систем за надминување на пречките со кои се соочуваат лицата со попреченост. Согласно новата програма сите права за попреченост ги зголемуваме за 15 отсто во 2021 година. Дополнително ја намалуваме границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години, а ќе направиме се до 2024 година да нема ниту една јавна институција без пристапна рампа, рече заев,

Тој најави и помош и поддршка за највозрасните преку иградба на три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип, како и 10 нови центри за активно стареење и услуга за помош и нега во домот во вклупно 65 општини, а најви дека недела ќе биде неработен ден за сите работници.

„Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства. Минималната плата ја качуваме на 18 илјади денари затоа што секој заслужува да му се цени трудот на работното место. Нема напредок во едно општество ако нема грижа за сите“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат