Заев на вонреден состанок на ПЕС: Време е за европска солидарност, заеднички ќе се справиме со економските последици од коронавирусот

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска учествуваше на вонредниот состанок на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) кој се одржа преку видеоконференција, а на кој се разговараше за надминување на економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот.

Во своето обраќање, претседателот Заев истакна дека сега, во време кога Еворпската Унија и целиот континент се соочуваат со здравствена и економска криза, е момент за европска солидарност и редизајнирање на мерките за помош и поддршка особено на најранливите. Солидарноста, додаде тој, е европска но и врвна социјалдемократска вредност.

Заев го поздрави предлогот на пратеничката група на ПЕС (Социјалисти и демократи) поднесен до Европскиот парламент, а кој има за цел подготовка на пакет мерки за справување со економските последици од коронавирусот.

„Целосно го поддржувам предлог планот на ПЕС за брзо економско закрепнување во вредност од 1,3 трилиони евра, средства кои, во голем дел како форма на грантови ќе се распоредуваат по државите за излез од кризата. Овој план кој се заснова на солидарност и меѓусебна поддршка во голема мера ќе значи силна поддршка на економиите, нивна стабилизација и полесно пребродување на кризата“ посочи Заев.

Тој ја искористи приликата да се заблагодари на помошта што Република Северна Македонија ја добива од Унијата во справувањето со здравствените и економски последици од коронавирусот.

„Изразувам особена благодарност за се она што ЕУ го прави за Северна Македонија како помош во битката против корона вирусот. Благодарни сме што нашата земја е исклучок во забраната за извоз на здравствена опрема од ЕУ, што нашата држава е вклучена и добива помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Секако, голема благодарност и за финансиската помош од ЕУ. За нас, тоа се значајни финансиски средства, затоа што создаваме план за спас на секое работно место, за зачувување на секоја компанија, а со тоа и побрзо надминување на економската криза“ заклучи претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски