Заев на видео средби со првите луѓе на ОБСЕ/ОДИХР во Скопје

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше одвоени видео средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија Клеменс Која и со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори, Лаима Андрикиене.

Во разговорите претседателот Заев потврди дека мисијата на ОБСДЕ/ОДИХР има соодветни услови за целосно набљудување на избирниот процес. Истовремено, се дискутираа стандардите за одвивањето на изборната кампања и изборниот ден, а кои се однесуваат на заштита од коронавирусот, при што беше нагласено дека ќе се преземат сите неопходни мерки за безбедна кампања и безбеден изборен ден за да се овозможи граѓаните сосема безбедно и сигурно и без никакви ризици да го остварат своето гласачко право.

Претседателот Заев соопшти дека СДСМ и владата ги напрвија сите услови за еднаква изборна борба на сите политички чинители и на тој начин ја потврдија зрелоста на државата, после долго време да организира беспрекорни фер, демократски и слободни избори.

Од страна на претседателот Заев беше побарано ОБСЕ/ОДИХР да ја надлеуваат работата на сите институции вклучени во изборниот процес, со цел сите да бидат на висина на својата задача

Во разговорите претседателот Заев го повтори ставот дека СДСМ и Коалицијата „Моѓеме“ ќе водат фер и позитивна кампања, насочена на промоција на клучните столбови на програмата како што е заштитата на здравјето на граѓаните, создавање нова развојна македонска економија, градење правна и праведна европска држава, членка на НАТО и преговарач со ЕУ, при тоа афиримирајќи го концептот едно општество како една од врвните вредности

На крајот, претседателот Заев заклучи дека ова се многу важни избори за враќање на легитимнии фукцнионални институции, како и за продолжување на државата по правиот пат по кој оди во изминтаите три години.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски