Заев на средба со коалициските партнери: Започнуваме процес на создавање на најголемата коалиција

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево оствари средба со претседателите на партиите кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ.

Ова е почеток на создавање на најголемата коалиција во историјата на независноста падо денес, која ќе излезе на изборите и ќе понуди програма што овозможува продолжување на напредокот и процесот на интеграции.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори ова е прва средба со сите коалициски партнери на СДСМ кои активно учествува во градењето и реализацијата на мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.

Она што досега го спроведовме наиде на широка поддршка од граѓаните и од други политички субјекти така што тоа дава за право да веруваме дека коалицијата може да се прошири дополнително, посочи Заев.

На средбата од страна на коалициските партнери беше заеднички заклучено дека досегашната соработка во делот на остварување на програмските определби е успешна, дека по години стагнација денес државата е на прав пат, дека се спроведуваат мерки во интерес на граѓаните и сето тоа отвора можности оваа коалиција дополнително да се зголеми со нови партнери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО