Заев: На Охрид му треба развој, но и заштита

Од:

Охрид е наше, но и светско културно богатство, кое е под заштита на УНЕСКО. На градот му треба економски развој, но во никој случај не по цена да го изгуби овој статус. Затоа се стопирани сите насилно најавени градби, а се што во иднина ќе се прави ќе биде во консултација со УНЕСКО и врз основа на неговите порепораки, порача македонскиот премиер Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

– Изнасилената најава на градби во Охрид е прекината. Охрид треба да се развива и да оди напред, но не преку вака изнасилени проекти како оние од Индија, Дубаи, за грандиозни хотелски компелкси, за окупација на природата, традицијата и културата. На Охрид му треба развој, но пред се развојот на Охрид ќе се димензионира преку пролонгирање и целосно експедизирање на туристичката сезона, рече македонскиот премиер.

Информира дека е усвоен акциски план за постапување по препораките на УНЕСКО кои веќе се реализираат како акциски план, како и дека на 13 февруари Валдата го усвоила Извештајот за напредокот во сроведувањето на препораките кој е веќе доставен до УНЕСКО. Следниот Извештај за напредокот ќе биде испратен на 1 декември годинава, а дотогаш ќе се работи на исполнување на препораките.

Состојбата што ја затекнале, рече, била алармантна бидејќи Мониторинг мисијата на УНЕСКО која го посетила регионот во април и мај 2017 година јасно ставила на знаење дека извршените работи и планираните проекти на претходната власт претставуваат грубо кршење на сите УНЕСКО стандарди и сите заедно се опасност по животната средина и културното наследство во Охрид и закана за губење на статусот на светско наследство.

– Како Влада се зафативме веднаш со решавање на овој проблем бидејќи за нас таквата ситуација е неприфатлива. Затоа се откажавме од планот за изградба на ски-центар на Галичица. Владата исто така се откажа од плановите за изградба на подсквенците А и Е од патот А3, а средствата предвидени за тој пат се веќе пренаменети за регионални патишта низ Македонија. Тоа се 86 милиони евра, рече премиерот одговарајќи му на пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ.

Додаде дека изградба на овие патни правци ќе биде можна само откако ќе се изработат студии за заштита на животната средина, за културното и за природното богатство и оти тие ќе можат да се направат врз основа на критериумите на УНЕСКО.

Формирана е комисија за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион која веќе почнала да функционира и ќе има централна улога во напредокот по препораките од УНЕСКО и во ревизијата на целокупната регулатива поврзана со зачувувањето на посебниот статус на Охрид.

Во врска со Коридорот 8 и железничката пруга Кичево – Лин, информира дека штом ќе бидат утврдени УНЕСКО заштитни ќе може да продолжат следните проектни активности поврзани со оваа железничка пруга.

Додаде дека сите активности во иднина ќе бидат во целосни консултации со граѓанскиот сектор и локалната заедница во овој регион.

Тунтев го праша и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за состојбите со, како што рече, уништување на ендемски видови во Охридското езеро со бесправно ловење и несоодветно порибување.

– Овој месец почна постапката за доделување нова концесија во следните шест години и тоа го правиме внимателно, со вклученост на граѓаните и граѓанскиот сектор со цел да обезбедиме што поголема заштита во овој дел, рече министерот Љупчо Николовски.

Информира дека во рамки на уловот на риба до моментот не е надмината количината што е дел од договорот.

– Но нашите информации говорат за зголемување обемот на улов којшто е од страна на Република Албанија на делот од Охридското езеро од република Албанија и затоа може да ја пратиме пораката дека заеднички и со Инспекторатот и со МВР, Министерството ќе ги преземе искоординирано сите активности заради утврдување на точната фактичка состојба, рече министерот Николовски одговарајќи му на пратеникот Тунтев.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски