Заев за Денот на Републиката во Крушево

Од:

Делегации на СДСМ утре ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе биде во Крушево уште рано утрото и ќе положи цвеќе пред спомениците на Питу Гули и на Тоше Проески, а по изјавата ќе се вклучи во државното одбележување на празникот од 09.30 часот кога ќе биде положено цвеќе на гробот на загинатиот херој Никола Карев и оддадена почит пред споменикот на Хероите на Слива и пред споменикот на Мечкин Камен, соопштуваат од СДСМ.

Во партиската делегација со претседателот Заев ќе бидат и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, како и Трајче Калески, претседател на ОО на СДСМ Крушево.

Во 13.00 часот претседателот Заев ќе го посети манастирот Свети Илија, село Бирино.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде партиска делегација на СДСМ што ќе ја предводи генералниот секретар Оливер Спасовски, а во којашто ќе бидат и членовите на Извршниот одбор на СДСМ Максим Димитриевски и Љупчо Николовски.

Во Скопје, партиска делегација на СДСМ предводена од организацискиот секретар Миле Зечевиќ, во состав Петре Шилегов, пратеник, Игор Трајчевски, член на СДММ и Маринела Тушева ќе учествува во оддавањето почит на државно ниво на повеќе споменици на херои во главниот град, почнувајки од 9.50 часот пред споменикот на АСНОМ, парк Жена борец, а потоа и пред спомениците на Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, информираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?