Заев на ЦО на СДСМ: Многу скоро очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата Влада

Од:

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно ги поздрави достоинственоста, храброста и мудроста на чекорите и политиките на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, што резултираат со отворена можност за формирање на новата Влада на Р.Македонија.

-Многу скоро, очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата Влада. По 11 години режим, СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска Влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели, повика претседателот Заев.

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ едногласно е утврден датумот на редовниот 22. Конгрес на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?