Заев: МВР-ВМРО да каже каква е таа донација во кеш?

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот ФБ профил напиша реакција на соопштението на МВР.

zaevStatus

„МВР-ВМРО испрати писмена реакција на денешната прес конференција на СДСМ. Ги прашувамe каква е таа донација дадена во кеш пари и дали е дозволено донација во кеш пари? За телефонските разговори нели велевте дека се креирани, монтирани, лепени и прелепувани. Тоа почитувани е исто кога Никола Груевски се бори за што е можно поголем процент, за ’да ја заштеди државата’ а притоа го прашува Миле Јанакиевски ’А да не е многу 5%’. Господа од власта не можете повеќе да си играте со интелигенцијата на народот!“, напиша Заев.

ХХ: Се сретнавме со директорот, и состанокот беше многу добар, како и секогаш. И работите стојат вака: ние сега ја променивме банката, на друго место, друга банка.
СК: Во Македонија?
ХХ: Не, не. Во Будимпешта.
СК: Во Будимпешта, во ред.
ХХ: затоа што беше многу, многу, многу бавно и тоа е проблем.
СК: Мхм.
ХХ: И директорот ни даде детали од друга банкарска сметка на која ќе ги уплатиме парите. Но, во понеделник компанијата конечно ќе го плати остатокот од парите за авансот
СК: Во ред.
ХХ: Бидејќи тие ги добија парите од Будимпешта, мислам дека вчера или денес, така некако. И тие ќе го направат тоа во понеделник. Ние ги разгледавме бројките и слично, нема никакви проблеми и тоа е тоа. Јас ќе останам во конаткт со Вас, затоа што е многу важно за мене и за проектот Вие да бидете запознаени со нови информации.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ