Заев: Многу е важно внимателно да го завршиме процесот со чување на сечие достоинство

Од:

Многу е важно целиот процес, со чување на комплетното достоинство на секој поединец, на секој пратеник или на било кој граѓанин во државата, на внимателен начин успешно да го финишираме, одговори денеска премиерот Зоран Заев денеска во Стоби на новинарско прашање дали ќе се забрза целата процедура за уставни измени за да се фати рокот до јануари.

– Роковите се деловнички, драго ми е што во комисијата дискутиравме во три од десет дена, во парламентот беше пет дена, се кратат некои рокови. Но тоа не се големи кратења. Тоа зависи од пратениците и од развојот на дискусијата. Еве само ќе кажам два значајни периода што се трошат на оваа работа. Со официјалното доставување на нацрт амандманите тие во Парламентот ќе бидат 30 дена, иако веројатно ние можеме и за 10-15,20 дена да ги договориме. И за конечната верзија на амандманите, кога ќе дојдат имаме 60 дена, така што роковите се достижни, одговори Заев.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски