Заев: Многу е важно да не бидеме обезличени дома

Од:

Многу е важно да не бидеме обезличени дома, да не бидеме обесчестени, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги разговорите за прашањето за името во Грција.

Прашан за тоа кое име е најприфатливо, Заев не прецизира, но посочува дека ако се гледа од историски аспект денешната македонска држава го зазема горниот, северен, вардарски дел од Македонија, како што еден дел има Бугарија, а еден дел е во Грција.

– Делот од историска Македонија што е во Бугарија, ние го признаваме како бугарски и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, бидејќи Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија од кои некои се чувствуваат како Македонци и тоа е нивно право. Ние со тоа немаме никаков проблем, вели Заев.

Во контекст на евроатланската интеграција, која засега е блокирана од Грција поради прашањето за името, премиерот Заев вели дека разговорите за спорот продолжуваат со цел да се најде решение.

– Ако не успееме, веројатно нема да имаме иднина во ЕУ и НАТО. Тогаш ќе треба Европа да ја доведеме во Скопје, во Македонија. Не гледам друга опција. Во краен случај ако не се најде решение, прашањето ќе остане отворено и ќе продолжиме по три, шест месеци повторно да бараме одговор, рече Заев за БТВ.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски