ВИДЕО: Заев и министри го чистеа и разубавуваа Дојран

Од:

Во пресрет на туристичката сезона во Дојран денеска се одржа акција за чистење и уредување на која учествуваа премиерот Зоран Заев, повеќе министри во Владата и градоначалникот на Дојран Анго Ангов.

– Дојран е еден од бисерите на македонската автентичност, заслужува ваква акција поради сите нас, но и поради илјадниците туристи кои доаѓаат овде, изјави Заев напоменувајќи дека здравата животна средина, како и убавата и чиста околина ќе ги натера туристите да се вратат повторно во Дојран.

Премиерот Заев истакна дека граѓаните јасно и гласно дале до знаење дека нема да прават компромис кога е во прашање здравата животна средина.

Во тек на акцијата во Дојран беа заседени дрвца и цвеќиња на езерскиот брег.

Одговарајќи на новинарски прашања Заев рече дека Владата е ангажирана околу враќањето на долгот од 150 илајди евра што го има општина Дојран кон Европската комисија.

– Дојран е нашиот бисер со Охрид, Струга и Преспа и затоа оваа година ќе се најде во Програмата за развој на туризмот во нашава земја. Од позначајните приоритети заедно со општината ќе се посветиме пред се на довршување на пречистителната станица и за обиколниот пат кој ќе го растовари сообраќајот во Дојран и ќе овозможи побрз трансфер кон Грција, најави Заев.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски