Заев и Мицкоски немале средба со Талат Џафери

Од:

Од кабинетот на претседателот на Собранието, за А1он и Макфакс ги демантираа гласините дека премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретнале со Талат Џафери пред почетокот на 32 седницата на која ќе се одлучува за законот за употреба на јазиците.

Заев и Мицкоски се присутни во Собранието на РМ, но само на посебни координативни средби со пратеничките групи од своите партии. Координативната средба на ВМРО-ДПМНЕ заврши, додека пак средбата на пратеничката група од СДСМ се уште е во тек.

Двете најголеми партии со спротиставени ставови за денешната седница. Од ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека мнозинството во Собранието заедно со претседателот Талат Џафери ќе го испочитуваат Деловникот и ќе има расправа за 35 илјади поднесени амандмани од партијата.

За разлика од опозицијата, од владејачката СДСМ велат дека законот за употреба на јазиците ќе биде изгласан на денешната седница без расправа за поднесените амандмани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар