А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев- Марковиќ: Перспектива за развој на економските односи на Северна Македонија и Црна Гора

by А1он23/05/2019 - 20:40201
Share0

Традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план меѓу стопанствениците на двете држави, оцениле попладнево премиерите Зоран Заев и Душко Марковиќ на тет-а тет средбата во Подгорица.

Добивај вести на вибер

Со средбата со Марковиќ, Заев ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора, откако претходно со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од премиерот Марковиќ.

– Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за Претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија, соопшти прес-службата на Владата на РСМ.

Според програмата, на првиот ден од официјалната посета на делегацијата на Владата на РСМ, премиерот Заев ќе оствари средби и со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Иван Брајовиќ

Утре ќе се одржи заедничка седница меѓу владите на двете држави, како и бизнис форум во организација на стопанските комори на двете држави, што ќе го отворат двајцата премиери и претседателите на коморите Властимир Голубовиќ и Бранко Азески.

Како што информираа од владината прес-служба, во владината делегација се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев, како и министер за земјоделство, Љупчо Николовски, за здравство, Венко Филипче, за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.

На седницата се очекува да бидат разгледани повеќе информации од интерес за двете земји за развивање и продлабочување на идната соработка и ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областите на внатрешните работи, заштитата на животната средина и здравството. Министрите во владите на двете држави пред седницата ќе имаат и одделни работни средби со своите колеги во соодветните министерства во Владата на Црна Гора.

crna goramakedonija

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ08/04/2026 - 13:0808/04/2026 - 13:09

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 20:07

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 20:33

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто