(ВИДЕО) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Од:

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„За десет месеци постигнавме голем напредок во евроинтеграцискиот процес. Вреднувани се реформите во повеќе клучни области, како и политиките на пријателство и добрососедство. Го затворивме спорот со Бугарија, а на пат сме да затвориме и со Грција. ЕУ даде заслужена чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија“, рече Заев, потсетувајќи дека препораката неколку години наназад беше условена поради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите.

Тој додаде дека Владата енергично ќе продолжи со исполнување на реформските процеси во државата, со надеж дека очекувањата Македонија да добие датум за почеток на преговорите во јуни ќе станат реалност.

Заев заклучи дека интеграциите во ЕУ и НАТО се во стратешки интерес за зачувување на демократските вредности.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија