Заев – Лофвен во Стокхолм: Силна поддршка од Кралството Шведска за европските интеграции

Од:

Поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија денеска во Стокхолм изрази премиерот на Кралството Шведска Стефан Лофвен на средбата премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Лофвен констатирал дека нашата земја направила видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев и вицепремиерката Шекеринска се заблагодариле за постојаната поддршка на демократските и на сите клучни политички процеси за напредокот на Република Северна Македонија.

-Работиме на реформите и понатаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во коишто Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, порачал Заев на средбата со шведскиот премиер Лофвен.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски