(ВИДЕО) Заев: Леле, леле, што направивме!

Од:

Премиерот на Македонија, Зоран Заев пред седиштето на неговата партија се обрати до насобраните граѓани и апелираше новите министри од неговиот владин кабинет да внимаваат што ќе прават, затоа што ќе има оставки.

– Леле, леле што направивме. По долгогодишната борба, срушивме режим со пенкало и глас. На сите оние кои протестираа низ градовите сите овие години им симнувам капа, им се поклонувам на моите сограѓани. Ние сме вашиот репрезент, не може секој да биде премиер, еве јас ја добив честа но во ваше име и во ваша сметка. Животот ќе го оставам за да ја видам среќата кај вас и сите граѓани. Чуму беше борбата ако благодетот не го чувствуваат сите. Доста беа делби и поделби, ние сме различни од оние кои досега ја водеа Македонија, рече Заев.

Тој истакна дека доаѓа живот во Македонија и им порача на граѓаните да си подадат рака бидејќи е доста од поделби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?