Заев: Кој е подготвен да пука и кој иницира хаос во државата?

Од:

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица во реакцијата на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека веќе потврдил оти кажаното во телефонскиот разговор се негови зборови и дека некој од владејачката партија покажува елементарно непознавање на сопствениоот јазик и граматика.

„Останува народот кој ги гледа овие клипови да суди кој е во право, а кој не. Кој е подготвен да пука и кој иницира хаос во државата, не е тешко да се претпостави. Тоа се тие кои на протестите на опозицијата во Скопје ставија снајперисти на покривот од Градската болница и во околните згради. Тоа се тие кои тепаа, газеа, влечеа и понижуваа народ“, стои во реакцијата.

Заев прашува кој стои зад телефонскиот број од кој е разговарано со него и дали бројот му припаѓа на државен функционер од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он