Заев: Ќе се укине „пржинската влада“ и ќе се промени изборниот модел за следните локални избори

Од:

Укинување на „пржинската влада“ и промена на изборниот модел веќе за следните локални избори кои трeба да се одржат идната година, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како мерки кои ќе ги преземат заедно со ДУИ како дел од владината коалиција. Тој посочи дека ќе се намалува администрацијата за 20 проценти со цел граѓаните да добијат поквалитетни и побрзи услуги, но и борба со коронавирусот, корупцијата, намалување на привилегиите кои ги добиваат функционерите.

„’Пржинската влада’ ќе се укине и Мицкоски даде согласност за тоа. Се укинува со просто мнозинство. Логично е кога ќе се укине, да го стартуваме овој формат. Бидејќи ДУИ ја покажа својата големина, затоа и СДСМ реши да покаже доблест. Во такви околности решивме идниот премиер да биде во тие 100 дена од албанска националност, ќе може да ја извршува таа функиција. Во едни такви околности секој има право на шанса, без разлика дали е Албанец, Србин, Бошњак“, рече Заев.

Во однос на кадрите во институциите, Заев рече дека ќе бидат предложени квалитетни, отчетни и одговорни луѓе. Тој посочи и дека нема во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места.

„Во првите шест месеци ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор кој што останаа нераспоредени во државните институции. Согласни сме за неселективна и длабинска борба со криминалот и корупцијата, на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Согласни сме да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на капиталот кај секој функционер по пат на систем кој заеднички ќе биде договорен и ќе ги земе во предвид најдобрите европски практики. Постои согласност да се зголеми отчетноста на сите нивоа на власта и да се намалат привилегиите на функционерите. Постои согласност за заштита на животната средина да биде еден од врвните приоритети. Борбата со коронавирусот да биде врвен приоритет преку темелен и транспарентен пристап“, рече Заев.

 

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски