Заев ќе се сретне со германската канцеларка Меркел

Од:

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија, соопшти владината прес-служба. Германската канцеларка и македонскиот премиер по средбата ќе одржат заедничка прес – конференција.

За време на посетата во Берлин, Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Премиерот ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Германската канцеларка тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски