(ВИДЕО) Заев: Ќе се случи огромен сојуз меѓу граѓаните

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес конференција рече дека Гордана Јанкуловска и Никола Груевски мора да понесат одговорност за прикривање на убиството на Мартин Нешковски. Ги повика полицајците да не дозолат и тие да бидат жртви.

За формирање широк опозициски фронт, Заев рече дека СДСМ веќе ги повика независните интелектуалци за спас на Македонија. Добро е, рече, што се формираат граѓански здруженија за заштита на Уставот.

„Политичките партии се подготвени да ги тргнат и партиските симболите. Се поизвесно е дека ќе се случи огромен сојуз меѓу граѓаните за враќање на слободата и демократијата.

„Ако е упропастена локомотивата, не ги менува вагоните, локомотивата ја менувате. Рибата смрди од главата. Не може промена поради тоа што некој се заморил, а он се мачи. СДСМ ја води внимателно целата постапка на обелоденување на вистината за Македонија. Борбата не ни е за власта, туку да обезбедиме институции за фер избори, за да се врати државата во нормала. Ова го правиме за да овозможиме ова никогаш да не се повтори“, рече Заев.

За изјавата на Црвенковски рече дека СДСМ е разнолика партија во која постои дебата.

„Се навикнавме на автократ во власта. Пораките се за единство и повикот е кон сите граѓани, а апсолутно очекувам секој што го боли за СДСМ да е тука“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски