Заев ќе може да ги реобјавувува бомбите, министрите на СДСМ нема само да пијат кафе

Од:

Во понеделник следната недела треба да се изгласаат законите кои вчера ги договорија политичките партија, а веднаш потоа и ќе ги преземат министерските фотелји Оливер Спасовски и Фросина Ременски како нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика предложени од СДСМ. Нивни заменици ќе бидат актуелните министри во овие ресори, Митко Чавков и Диме Спасов. Министрите на СДСМ ќе имаат право да распоредуваат и разрешуваат кадри во своите министерства и покрај барањата на ВМРО-ДПМНЕ опозицијата да нема одлучувачка улога во Владата.

Договорот што вчера го постигнаа партиите овозможува министрите предложени од опозицијата да имаат надлежности според постоечките закони. Тие нема да бидат „англиски кралици“ или да одат на работа за да пијат кафе, како што претходно се изјасни олеснувачот во преговорите, Питер Ванхауте. Спасовски, како министер за внатрешни работи, ќе има моќ да менува кадри во својот ресор, но со еден услов, за секој сменет началник ќе биде поставен нов кој ќе има свој заменик предложен од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Заменикот само ќе ја надгледува работа на началникот. Како што брифираат партиите, овие сектори ќе функционираат со врзан потпис од двајцата началници, односно на секој документ ќе мора да се потпишат и двајцата.

-Министерот за внатрешни работи ќе може да разрешува или да поставува на повисоки позиции, како што е согласно законот. Ние не сакаме да распоредуваме или разрешуваме, туку да ги регулираме состојбите во општеството. Ние не сакаме власт, туку само да бидеме дел од коннтролните механизми – брифираат високи извори од СДСМ.

Актуелните заменици министри ќе останат на своите позиции. Новите заменици ќе имаат право на вето, но само за прашања кои ќе се однесуваат на изборите. Овие функции треба да се преземат на почетокот од следната недела.

Во исто време треба да започне со работа акетната комисија во парламентот, која ќе ги утврдува околностите околу прислушувањето и наводите за сторени кривични дела. Комисијата ќе биде составена од 16 члена, осум ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ, 4 на предлог на СДСМ, 2 на предлог на ДУИ, еден предложен од ДПА и еден независен. Претседателот и заменик претседателот ќе бидат од СДСМ. Партиите се договориле составот на оваа Комисија се определи според деловникот за работа на Собранието.

Иако ВМРО-ДПМНЕ бараше Анкетната комисија да истражува само кој и како прислушувал, но не и содржината на материјалите, сепак е договорено ова тело да ги испитува и евентуалните криминални дела кои произлегуваат од разговорите. Седниците на комисијата ќе бидат јавни, освен за прашања од личен карактер. Првиот извештај ќе биде финализиран до крајот на јануари, иако претходно беше договорено тоа да се случи во ноември годинава. Членовите ќе имаат право на издвоено мислење. Во рамки на работата на Комисијата ќе бидат испрашувани сведоци, ќе бидат сослушувани експерти, а членовите ќе можат да ја посетуваат Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Што се однесува до бомбите нема да се ограничува употребата на веќе објавените, СДСМ ќе може да ги користи и во изборна кампања. Партиите се согласиле за законско решение што нема да ги опфати веќе објавените разговори. Објавувањето на прислушувани материјали ќе биде регулирано со Закон за заштита на приватноста. Овој закон нема да ги третира материјалите што претставува јавен интерес и ќе се однесува на прислушувањето спроведено меѓу 2008-2015 година. Со него ќе бидат опфатени само приватни разговори за да се заштити приватноста на личен и семеен живот.

Тој што употребил уред за невластено да прислушува туѓ разговор ќе биде казнет со една до пет години затворска казна. Доколку медиум објави приватен разговор на прислушувано лице, за кој нема јавен интерес, ќе се казни со парична казна предвидена во Законот за прекршоци. Нема да има казни за новинарите. Законот предвидува парична казна и за операторите кои овозможуваат неовластено прислушување, казната ќе биде во висина од 10 отсто од профитот на компанијата.

Популарно наречениот закон за бомбите ќе стапи на сила шест месеци по донесувањето во Собрание затоа што ќе се чека на мислење од Венецијанската комисија. Партиите договориле овој пат мислењата на Венецијанската комисија да бидат задолжителни и во рок од пет дена препораките да се вметнат во законот.

Прашањето за свиркачите ќе биде регулирано со Закон за укажувачи. Со овој закон ќе бидат заштитени сите оние лица кои имаат било каква врска со институциите за кои поседуваат информации дека е извршено некакво кривично дело. Со него се уредуваат правата на свиркачот, негова заштита и постапување на органите. Законот ги опфаќа не само укажувачите, туку и ним блиски лица. Законската регулатива ќе ги опфати не само државните институции, туку и приватните компании и лицата вработени во нив кои пријавуваат одредени неправилнсоти.

Законот разликува три вида на пријавување: внатрешно, надворешно и јавно. Со внатрешното пријавување се подразбира обврската на овластени лица во одредена институција да ги почитуваат личните податоци и идентитетот на укажувачот, додека надворешното се однесува на пријавување во одредени институции на државата, како полиција или Јавно обвинителство.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари