(ВИДЕО) Заев: Ќе има „метла“ за најмалку тројца министри

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека најмалку три министри ќе бидат сменети од функциите. Тој не сакаше да открива имиња, но најави дека по консултации со раководство ќе објави за кои луѓе станува збор.

-До сега се сменети тројца министри, за култура, за образование и за правда и тројца без ресор. Ќе смениме и сега уште најмалку три и ќе дојдеме до промена на една третина од владиниот кабинет. Во контакти сме и со нашиот коалиционен партнер ДУИ каде што очекуваме да има промена на одредени кадри кои не ги исполнија очекувањата на граѓаните. Повторувам уште еднаш нема никој да штедиме. Покажавме храброст и доблест да направиме промени внатре во партијата, а тоа ќе го направиме и во извршната власт.“, рече Заев.

Тој најави дека нема да има кознетичка промена со ротации на одредени кадри туку ќе следи вистинска смена со нови министри.

Во однос на работата на градоначалниците Заев отворено кажа дека дека дел од нив потфрлиле односно не го испорачале она што бло предвидено со предизборната кампања на СДСМ и порача до дел од нив- доколку не се способни да ја извршуваат функцијата сами да ја напуштат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?