Заев ќе одредува кој од замениците ќе го менува кога Груби ќе биде отсутен

Од:

Владата на денешната втора седница го смени Деловникот за работа, а една од измените се однесува на прецизирањето на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите.

Измените се прават согласно новиот формат на владата со петмина заменици на премиерот Заев, а се однесуваат на новововедената функција Прв заменик-премиер, која во овој владин кабинет ќе ја извршува Артан Груби.

-Предвидено е Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост, тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи, се наведува во соопштението од Владата.

Според дополнувањата, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.

Како што се наведува, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти претседателот на Владата. Првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата го известуваат претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези