(ВИДЕО) Заев: Ќе бидат решени мистериите за кумановските настани, смртта на Младенов, Смилковско езеро

Од:

Пратеникот Африм Гаши од редовите на БЕСА, побара од премиерот Заев да биде спроведена итна меѓународна истрага за случаите „Сопот“ и „Монструм“, притоа, велејки дека Македонија има многу политички затвореници. Тој го потсети Заев, дека тоа е нивно ветување и дека треба да го остварат.

„Случајот за Никола Младенов, Сопот, Смилковско езеро и други, ќе бидат расветлени со меѓународна заедница, за да член на истата, гарантира за вистината на пресудите. Додека трае жалбената постапка, со меѓународната заедница ќе изнајдеме решение како да се реши сето ова. Граѓаните не коментираат за висините на казните, туку бараат одговорност како тие луѓе влегле во Куманово, дали некој ги излажал и сл. Одговорите мора да ги добијат. Дали е убиен или не е убиен Никола Младенов. Македонија не може да биде нормална држава ако не бидат решени овие мистерии. Додека не се врати довербата во нашите институции, ќе има меѓународни истраги, кои ќе дадат одговори на граѓаните, а некои од нив, според истите одлуки, носат одлуки дали ќе останат дома или не“, одговори Заев.

К.Л

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска