Заев: Каква и да е одлуката за мандатите ќе ја почитуваме

Од:

Каква и да е одлуката во врска со мандатите на пратениците од опозицијата, ние ќе ја почитуваме, изјави денеска лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за одлуката на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, Заев рече дека ставовите на СДСМ се јасни и оти се подготвени за разговори за темите кои ги нотирале.

– Од 10 март молиме да им бидат одземени мандатите на пратениците и поднесовме и оставки. Останува на парламентарното мнозинство и пред се на двотретинското мнозинство да ја донесе одлуката. Каква и да е одлуката ќе ја почитуваме. Нашите ставови се јасни. Петте барања провејуваат и во сите извештаи на ОБСЕ, ОДИХР, Европската унија и Стејт депарментот, изјави Заев пред почетокот на конференцијата за рамномерен регионален развој што денеска се одржува во Скопје.

Според него, нема логично образложение зошто се уште не се почнати разговорите за кои, вели дека како опозиција се подготвени.

– Почетокот на разговорите не значи дека ќе се договориме. Ние не отстапуваме од ниту едно од нашите барања затоа што секоја од темите што ги номинираме за разговори има свое значење. Она што можам да го кажам е дека по речиси седум месеци од верификацијата на мандатите на пратениците премиерот можеше да направи исчекор како власт и да реши одреден проблем кој е сугестија од Европската унија, ОДИХР…., рече Заев.

За т.н. бомба која ја најавува извесен период, Заев уште еднаш повтори дека аргументите и доказите со кои располагаат ќе бидат обелоденети во оној момент кога ќе проценат дека се создадени услови за тоа.

– Моментот кога ќе бидеме уверени во успешно сценарио на тоа што ќе го правиме, ќе ја споделиме вистината со граѓаните. Тие заслужуваат да ја знаат вистината од почеток до крај и тоа ќе се случи, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница