• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите

by А1он31/10/2019 - 18:5301/11/2019 - 07:52431
Share0

Како држава правиме се што е во наша моќ за да го рестартираме Југохром. Го стимулиравме сопственикот, кој е во преговори за продажба на комбинатот со турски потенцијален купувач кој работи во истата дејност, да го доизгради филтерот. Се недеваме дека ќе се договорат и оти новиот сопственик ќе биде поажурен, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

-Југохром го затворивме и го условивме се додека не ги постави филтрите нема да биде отворен заради здавјето на луѓето од Полог. Обезбедивме повеќе од 1,1 милиони евра за изградба на фитрите, а газдата досега има вложено сопствени 500.000 евра. Преговараме за да го мотивираме да продолжи со постапката за поставување на филтрите за која обезбедивме дополнителни 1,1 милиони евра, иако станува збор за приватна сопственост, рече Заев во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

Во моментов, посочи, течат преговори помеѓу швајцарскиот сопственик со потенцијален купувач од Турција кој работи во таа дејност и е подготвен да го заврши целиот процес и се надева дека ќе се договорат.

-Доколку се договорат ќе се забрза процесот на поставување на филтрите, а со тоа и стартувањето на Југохром. Како држава сме направиле се иако станува бор за приватна сопственост. Веројатно ќе изгубиме одредени гласови заради тоа што луѓето не работат, но сепак здравјето е пред се и над се, и стоиме зад него. Правиме се што можеме Југохром час поскоро да биде ставен во употреба, потенцира Заев.

jugohrompratenicki

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:55

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска26/05/2023 - 18:3626/05/2023 - 18:39

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска26/05/2023 - 18:32

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска26/05/2023 - 18:31

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска29/12/2022 - 14:54

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска29/12/2022 - 13:5129/12/2022 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен