Заев-Јанковиќ: Соработката продолжува на највисоко ниво, Македонија прави импресивни чекори на патот кон НАТО и ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ, на која било разговарано за аспектите на одбраната на реформите во безбедносниот сектор и членството на Македонија во НАТО.

Претставникот на НАТО Јанковиќ, како што информираат од владината прес-служба, изразил задоволство од денешната средба со премиерот Заев, подвлекувајќи дека тоа е негова прва официјална средба во земјата, од стапувањето на должноста. Тој ги поздрави храбрите чекори кои актуелната Влада ги презема во поглед на имплементирање на реформите и подготвеноста на земјата да стане дел од Алијансата.

Јанковиќ, изразил уверување дека успешната соработка со Владата на РМ ќе продолжи, подвлекувајќи дека тој и експертите во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје се отворени за континуирана соработка на највисоко ниво.

На средбата, Заев го запознал претставникот на НАТО со политичките настани во земјата, истакнувајќи дека неговото стапување на должност е во време кога граѓаните на Македонија ја пишуваат својата историја и дека политичките прашања се затворени и земјата е подготвена да продолжи кон исполнување на евроатланските аспирации.

Заев, се вели во соопштението од владината прес-служба, истакнал дека Владата и граѓаните на Македонија се посветени на исполнување на реформите, кои се значајни за евроинтеграциите и за влез во НАТО. Тој подвлече дека останува посветеноста земјата да го одржи континуитетот на процесите кои веќе забрзано ги исполнува, меѓу кои и учеството на Македонија во операциите, мисиите, предводени од НАТО, оценувајќи ги како важен дел за безбедноста на државата, за регионот и пошироко, за исполнување на конечната цел, во 2019 да станеме членка на НАТО.

Премиерот Заев, истакна и дека во таа насока се и договорите за добрососедство и пријателство склучени со Бугарија и Грција, како и одржувањето на добри односи и немање отворени прашања со сите соседи на Република Македонија, што е основа за ширење на идејата за зајакнување на безбедноста на сите држави во регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски