Заев ја поздравува новата шпанска Влада: Наскоро ќе бидеме 30 членка во НАТО

Од:

Парламентот на Шпанија денеска му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата, се вели во честитката до Санчез од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Честитки за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа. Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО, напиша Заев на Твитер.

Во неделата, во првиот круг гласање, коалицијата на Санчез не доби поддршка од повеќе од 176 пратеници, па денеска во вториот круг на гласање, беа доволни повеќе гласа „за“ од „против“.

Социјалистите на Санчез победија на изборите во април минатата година, но тој не доби доволно гласа за самостојно формирање влада. Откако не доби поддршка од останатите партии во ноември се одржаа нови, вонредни избори, на кои беа постигнати слични резултати, по што социјалситите на Санчез формираа коалиција со помалата левичарска партија Подемос со кои заедно имаат вкупно 155 пратеници.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Северна Македонија како 30.членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.

Од наша страна, пак Предлог-законот за ратификација веќе е во собраниска процедура. Владата кон крајот на минатиот месец се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април, а Парламентот се распушта на 11 февруари.

Би можело да ве интересира

Педро Санчез: До понеделник ќе размислувам дали ќе се повлечам од премиерската функција

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Санчез пристигна во Киев

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска