Заев: Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите

Од:

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

-Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на словенечкото претседателство.

ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството, објави Заев.

Премиерот истакна дека извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат.

-Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и со Босна, вели европратеничката Јовева

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

Македонија мора да ги направи уставните измени, порача Марта Кос

Катерина Ѓуровски

Македонија не презема чекор и не ги внесува Бугарите во Уставот – извештај на Европската комисија

Поголем напредок во владеењето на правото и почитување на договорите со соседите, бара ЕУ во извештајот за Македонија