Заев: Изгубен е Христијан Мицкоски, не македонскиот идентитет

Од:

Премиерот, Зоран Заев, реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре во Софија македонската делегација ќе ги прифати барањата од Бугарија со кои се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Според него, најверојатно изгубен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

„Имаше и обвинувања дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот. Ќе прашам јавно, зарем може изгубен идентитет повторно да го изгубиме. Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е најверојатно господинот Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош“, рече Заев.

Претходно Мицкоски обвини дека Заев, Бучковски, Османи и Димитров утре во Софија ќе ги прифатат барањата на Бугарија со кои се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

„Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Според него, загрозени се националните и државни интереси, а Заев им дава поклон на Бугарите кој многу скапо ќе ја чини нашата држава.

„Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник