(ВИДЕО) Заев: Изборот на Давитковски потврдува дека во Македонија е воспоставен политичкиот дијалог

Од:

За претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедничкиот избор на Борче Давитковски, декан на правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за претседател на комисијата која треба да ги расветли настаните од 24. декември, значи потврда дека во Република Македонија се воспоставува политички дијалог.

– Предлогот е заеднички, на претседателот на опозицијата и на претседателот на позицијата, се надеваме дека со својот дигнитет, деканот на правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Борче Давитковски, ќе може да изменаџира да се донесат извештајот и заклучоците од тоа што се случи на 24 декември. Уште еднаш сакам да спомнам, дека на први март беше договорено формирање на оваа комисија, за разлика од тоа ние се вративме во парламентот и учествувавме на изборите, а власта не презеде никаков чекор.

– Ова денеска е исчекор, за кој се надевам брзо ќе излезе со заклучоци кои што ќе констатираат што навистина се случи на 24 декември. Тоа е важно заради мојата политичка партија, заради сите опозициони пратеници, но сите се согласуваме дека е многу важно за Република Македонија и токму од тој аспект очекувам брзи заклучоци и решенија кои ќе ја нормализираат состојбата во нашата земја.

– Среќен сум што е воспоставен дијалог за многу важни прашања, што добива шанса политичкиот дијалог во Република Македонија, а сум среќен пред се како граѓанин, што придонесовме како опозициона најголема партија во државата во еден исчекор на уште една поголема позитивна надеж за добивање на датум за преговори со Европската Унија, рече Заев.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи