Заев: Изборите ќе бидат на 5 јули, за проблемите кои ги прави Наќе Чулев да останат зад нас

Од:

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Проблемите кои ги прави Наќе Чулев мора да ги оставиме зад нас. Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба“, кажа Заев.

Не постои никаков уставен и законски момент да го свикаме Собранието, ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони, рече Заев.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, речиси сите случаи се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така да и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и на 5 октомври и на 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации“, кажа Заев.

Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија, рече Заев и најави дека изборите сигурно ќе се случат на 5 јули и нема никаква законска основа за нивно одложување.

Лидерот на СДСМ го обвини техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев дека дозволил граѓаните да не ги почитуваат мерките и препораките, а со тоа, го загрозил нивното здравје. Поради таквото однесување на Чулев, според Заев, има зголемен број на новозаразени од коронавирусот.

„Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните. Овие денови ги гледаме последиците од оваа неодговорност, имаме нов број на новозаразени од вирусот. Но, здравствените институции имаат капацитет и ќе се справат со оваа ситуација. Многу е важно да разбереме дека вирусот е тука и сите мора да ги почитуваме мерките за заштита“, рече Заев.

Тој додаде дека наместо конструктивна критика од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните биле сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации.

„За жал, како што Мицкоски се обидуваше да ги поткопа напорите да зачекориме на сигурен и стабилен пат кон ЕУ и НАТО, така сега се обидува да ги поткопува здравствените напори за борба против пандемијата, како и довербата на граѓаните во здравствениот систем. Наместо конструктивна критика од страна на опозицијата, во овие три години бевме и сеуште сме сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство