Заев испарти писмо со сочувство до Николиќ за жртвите во поплавите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз упати телеграми до претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, до претседателката на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, до премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ и до сестринските партии во Србија, за катастрофалните последици од поплавите што ја погодија земјата.

Телеграми со слична содржина, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во текот на денешниот ден ќе упати и до претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ и до сестринските партии во БИХ, за ужасната состојба од поплавите и во оваа земја.

Во продолжение ве известуваме за содржината на испратените телеграми во Република Србија.

Изразувам искрено и длабоко сочувство за жртвите во катастрофалните поплави од големите и незапаметени досега, временски неприлики, што ја погодија Србија.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја споделува со Вас и со вашиот народ загриженоста за состојбите во земјата што оставија илјадници луѓе без своите домови и направија огромна материјална штета, како и надежта дека ситуацијата ќе биде што поскоро стабилизирана.

Како најблиски соседи и ваши пријатели, во мое лично име и во име на СДСМ, Ве известувам дека се солидаризираме во неопходните чекори за надминување на последиците од водената стихија.

Социјалдемократскиот сојуз, како голем и организиран политички субјект во Македонија, се става на располагање за помош со се што е неопходно за народот во Република Србија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата