Заев: Имаме закон што гарантира целосна автономија

Од:

Лидерот на СДСМ , Зоран Заев изрази задоволство од изборот на Катица Јанева на функцијата специјален јавен обвинител.

Јас сум повеќе од задоволен, имаме закон што гарантира целосна автономија на специјалниот обвинител, вели во изјава за Радио Слободна Европа, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Специјалниот обвинител има целосно автономно право тој да ги предлага и во број и како кандидати обвинителите, има целосно отворен буџет на располагање, секако со логично правдање без какви било лимити и за кадровски и за технички персонал, но и за анализи, странски експертизи, односно, се што е потребно. Меѓу другото, специјалниот обвинител има мандат од 4 години со право на реизбор“, вели Заев.

Тој е задоволен и од договорот обинителката од Гевгелија Катица Јанева да биде специјален обвинител.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз