Заев: Имаме одговорност да се избориме за слободна Македонија и тоа го правиме

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и Стевица Јосифовски, шеф на правниот комитет во Штабот на СДСМ, попладнево се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија Јан Петерсен, придружуван од заменичката, Раул Мурешан и политичкиот аналитичар Саша Пајевиќ.

Тема на разговорот беше политичката криза во Македонија, предизвикана од непочитувањето на Договорот од Пржино, како и последната апсурдна одлука на Ѓорге Иванов со којашто направи упад во правниот поредок во Македонија.

-Само организирање и спроведување регуларни избори во Македонија на коишто ќе биде избрана легитимна Влада е излез за комплицираната политичка ситуација во којашто се најде Македонија, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој објасни дека потезите, каков што е последниот на Иванов за заштита на криминалната група на власт, како и избегнувањето на власта од потпишаните обврски за чист Избирачки список, медиумски реформи, одвојување на партијата од државата, е суспендирање на Договорот од Пржино, поради што избори на 5-ти јуни не се можни, ниту СДСМ ќе учествува на таквите нерегуларни избори.

-Целта на Договорот е создавање услови за фер и регуларни избори на коишто ќе одлучи слободната волја на граѓаните. Тоа што го прават Иванов, Груевски и другите негови соработници, не оди во прилог на решение на кризата, туку на влошување на ситуацијата во Македонија, предочи претседателот Заев.

Тој појасни дека СДСМ покрена постапка за разрешување на Иванов и дека Велјановски има и законска можност и должност да постапи.

– СДСМ е најголемата опозициска партија којашто ја има и честа и одговорноста да се избори за принципите и вредностите што ќе ги нормализираат партизираните институции и поткопаниот државен поредок. СДСМ ги презема сите потребни чекори за слободна Македонија и заедно со граѓаните ќе направи се што е потребно за остварување на оваа света цел, порача претседателот Заев на средбата со шефот на мисијата ан ОБСЕ/ОДИХР, Петерсен.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар