Заев им го честита Бајрам на исламските верници

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, денеска, по повод големиот верски празник Рамазан-Бајрам до реис ул улема на Исламската верска заедница, хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија упати честитка со желби за добро здравје, благосостојба и мир во душата.

„Верувам дека, како и досега, ќе останеме цврсто обединети во заедничкиот стремеж за непрекината промоција на мултикултурната и мултиконфесионална соработка и соживот во нашата држава. На тој начин заеднички ќе придонесеме во остварувањето на поголема духовна благосостојба на сите граѓани на Република Македонија. Нека овој празник, Вам и на сите верници од исламска вероисповест, Ви донесе радост и среќа, успех и напредок, мир во душата и зближување на срцата“, пишува во честитката од Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни