Заев-Илјас: Заеднички претседателски кандидат, којшто ќе ја обедини цела држава

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на Демократската партија на Турците во Северна Македонија (ДПТМ), Бејџан Илјас, на која се зборуваше за потребата од заеднички кандидат за претседател.

– Заеднички претседателски кандидат, којшто ќе ја обедини цела држава и граѓаните, независно од националната или верската припадност, беше тема на разговор на денешната средба на Заев и Илјас, соопштија од СДСМ.

Од партијата наведоа дека претседателите на двете партии констатирале оти постои взаемна желба за заеднички настап, слагласувајќи се дека за иднината на Република Северна Македонија е од исклучително значење да се дојде до заеднички кандидат за претседателските избори, кој ќе промовира единство, рамноправност и стабилност на земјата.

– Партиските консултации околу обезбедување поддршка на заеднички претседателски кандидат веќе привршуваат и се одвиваат во позитивна насока, истакна премиерот на средбата.

Заев изрази задоволство од подготвеноста на партиите и во рамките на Коалицијата што ја предводи СДСМ, но и од останатите партии да се обединат околу еден заеднички претседателски кандидат.

– СДСМ преку внатрепартиските разговори, но и преку преговорите со останатите парламентарни и вонпарламентарни партии ќе дојде до најдобриот кандидат за претседателските избори, заклучи Илјас.

Нагласи дека ДПТМ активно ќе се вклучи во предизборната кампања, особено за промоција на претседателскиот кандидат кај припадниците на турската етничка заедница.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада