Заев: Идната недела смена на дваесетина директори

Од:

Премиерот Зоран Заев најави дека идната недела ќе продолжи со смените на функционерите од вториот и третиот ешалон.

Рече дека во тек се разговори со поголем број на директори и дека некаде од 9 јули може да се очекува смена на 20 до 25 директори. Ваквата изјава премиерот ја даде денеска на промоцијата на системот за електронска наплата на патарините.

Минатата недела веќе беа сменети министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ.

Владината реконструкција Заев ја најави уште по првиот круг на претседателските избори, како одговор на незадоволството на гласачкото тело и како примена порака од граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски