Заев и Пендаровски во Велес: Економскиот развој ќе се забрза со интеграциите

Од:

Ги решивме големите прашања, затоа има инвестиции, затоа работите и во економијата тргнаа на добро, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашната трибина со граѓаните на Велес, во рамки на изборната кампања на претседателскит кандидат Стево Пендаровски, со порака дека овој тренд мора да прoдолжи за добра иднина на сите.

„Има 624 милиони евра странски инвестиции од 1991 година, тоа е нов рекорд, индустриското производство порасна за околу 8 проценти, БДП-то порасна од минус 1.8 на 3.7 проценти, порасна просечната плата од околу 22.000 на околу 25.000. А сè уште не сме целосно членка на НАТО и треба да почнеме преговори со ЕУ“, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој повика на посветеност и одговорност, граѓаните кои се обединија околу претседателскиот кандидат Пендаровски, од сите етнички заедници и од партии од левицата, десницата, центарот, да излезат масовно на гласање на изборите за претседател за државата.

„Само заедно и напред може да се движи државата, а напред одиме со Стево Пендаровски, кој ги поддржува обединувачките и интеграциски политики“, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината во Велес.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски објасни дека поддршката за ваквите политики е и за младите луѓе да останат во државата.

„Изминативе две години се донесени крупни и тешки одлуки со коишто се отворени интеграциските процеси кон модерниот демократски свет со шанси за младите луѓе тука да ја гледаат својата иднина, да живеат, да работат, да основаат семејство. Да направиме амбиент тука да се вработите и да просперирате“, порача кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вечерашната трибина во Велес.

Тој додаде дека искуството покажува дека земјите кои станале членки на ЕУ имаат далеку помала стапка на иселување од останатите.

„Европските интеграции и отпочнатиот процес за членство во НАТО водат кон поголем економски развој“, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, меѓу другото, во Велес, во рамки на изборната кампања за избор на претседател на државата, повикувајќи ги граѓаните да ја поддржат опцијата „Заедно напред“.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно