Заев и Филипче го посетија пациентот на Кардиохирургија кај кого за прв пат во Македонија е имплантирано механичко срце

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва го посетија пациентот кај кого за прв пат во нашата земја беше имплантирано механичко срце.

Операцијата поминала во најдобар ред и она што е најважно пациентот се чуствува добро, за што премиерот Заев изрази особено задоволство, и му посака што поскоро опоравување и целосно заздравување, а на лекарскиот тим им честиташе за успехот.

Тимот на врвни кардио хирурзи предводен од спец. д-р Петар Ристески, кој за оваа интервенција дојде од Универзитетската Клиника во Франкфурт, и членовите на тимот проф. д-р Сашко Јовев, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Марјан Шокаровски и останатите членови на кардиохируршкиот тим, денеска во Државната Кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, имплантираа механичко срце кај пациентот, на возраст од 54 години, со констатирана терминална срцева слабост.

Во следните месеци и години ќе се следи неговата состојба, но стручниот лекарски тим изрази уверување дека уредот кој беше имплантиран, т.н. механичко срце ќе му даде одлични резултати на пациентот и подолг животен век.

Оваа операција, како врв во кардио-хирургијата, за прв пат е изведена во Македонија, и претставува вистинско решение за оние пациенти кои имаат терминална срцева слабост и можност да живеат нормален живот.

Со оваа интервенција е постигнат уште еден успех на на УК за Државна Кардио-хирургија на која од денеска нема операција која не може да се изведе.

Соработката помеѓу Универзитетска Клиника во Франкфурт и Министерството за здравство е резултат на посетата на министерот д-р Венко Филипче на оваа клиника и на заложбите на директорот на болницата во Германија, д-р Валтер, на која беше договорено ескперти од Франкфурт да доаѓаат во Македонија за пренесување на експертиза и надградба на знаења. Целта е македонските пациенти да се лечат во нашите болници и да не се праќаат во странство за вакви операции, што е заложба и на политиките коишто Владата ги имплементира во здравството.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар